УМТ: Нов простор за студентите и нов модел на финансирање на високото образование

Во согласност со одредбите на Законот за високо образование, избрани се тела на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје. За претседател на Сенатот на УMT е избран вонр.проф. д-р Блерим Саити, а за проректори  Зоран Трифунов  – за настава и студентски прашања, Ризван Сулејмани – за финансии и Блерим Фетаји – за наука.

Како што соопшти УМТ, Сенатот денеска на седница констатирал дека е успешно завршена учебната година во која ја излезе и првата генерација апсолвенти и први дипломци на овој универзитет. Ректорот Азис Положани ги информирал членовите на Сенатот со сегашниот тек на активностите и предизвиците со кои се соочува оваа високаобразовна институција на албански јазик.

Главни предизвици се кои е соочен УМТ е  итна потреба за дополнителен простор за студентите во 2019/2020 година, но и забрзување на постапките за изградба на универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза” на новата локација дефинирана од Владата.

Сенатот смета дека е потребно и итен преглед на моделот за финансирање на високото образование, кој е идентификуван како една од главните причини за падот  на квалитетот на образованието.

– Сенатот на УМТ е на мислење дека само ревизија на моделот на финансирање на високото образование преку обезбедување  пристојно ниво на платите на наставниците, кои нема да зависат од учеството на студентите, и значителното намалување до целосно отстранување на плаќање на партиципацијата на студентите за нивните студии, ќе создаде услови за одговорност и соодветна академска мотивација за квалитетот во високото образование, наведува Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза”.

Треба да знаете
Последни објави