Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите рече дека уште девет земји не го ратификувале протоколот за членство на нашата земја во НАТО и оти според информациите со кои располага во сите земји постапките за ратификација се во тек. Тој очекува сите потапки за ратификација да завршат на есен.
На овој список се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, САД, Италија, Холандија, Франција и Турција.
Во Парламентот на Велика Британија, рече, нема класично гласање, протоколот стои 21 ден како предмет и доколку никој не поднесе забелешки, по истекувањето на овој рок се смета за ратификуван.
Џафери очекува и во Турција да заврши постпката за ратификација до есен. Според информациите што ги има, парламентарната постапка е почната и во оваа земја.