Ѕид во висина од 23 метри се сруши поради обилните дождови во Индија врз работнички колиби, пришто загинаа најмалку 15 работници и членови на нивните семејства. Меѓу загинатите има четири деца и две жени.
Спасувачите успеале од урнатините да извлечат тројца работници, пренесе „АП“.
Спасувачката операција продолжува, а се стравува дека повеќе луѓе би можеле да бидат заробени во рушевините.
Работниците биле ангажирани на градилиште кое се наоѓало во близина.