На социјалните мрежи се прошири страшна снимка која доаѓа од Узбекистан. Како што пренесуваат британските медиуми, во забавен парк загинала 19-годишна девојка откако ротирачко тркало паднало од седум метри височина.
Извиците на возбуда се претворија во крици на болка и ужас откако металната оска на која се вртеше тркало се скрши од основата.
На тркалото имало вкупно 8 лица од кои седум преживеаја, објавија локалните власти.
Станува збор за реквизит во забавниот парк „Истиклол“ во градот Џизак.