Умерен земјотрес од 4,7 степени според Рихеровата скала пред околу половина час беше регистриран во Албанија.
Епицентарот на земјотресот е на 17 километри јужно од Корча, а бил почувствуван и во охридко-преспанскиот регион.
Ова е најсилниот од серијата земјотреси што во изминатите два дена биле регистрирани во Албанија.