Три лица загинаа во поплавите во Иркутската област, соопшти денеска претставник на руското Министерство за вонредни состојби.
– Повредени се 351 лице, вклучувајќи и 33 деца. Три лица го изгубија животот, појасни тој.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин е информиран за ситуацијата со поплавите во Иркутската област, но не одговори дали планира да го посети регионот.
Поројните дождови предизвикаа поплави во Иркутската област, каде се поплавени 3.700 домови на околу 9.000 жители. Поплавите погодија 31 населба.