Фудбалерките на Германија, која досега на Светското првенство во Франција не прими гол, загуби вечерва во четврт-финалето загуби од аутасјдерот Шведска со 1:2.
Швеѓанките конечно ја прекина црната серија против двократниот светски шампион (2003, 2007) и најуспешниот европски тим кој е осум пати шампион на Стариот континент. Шведска не ја победи Германија на големите настани од 1991 година, а запишува десет порази и едно реми.
Противник на Шведска во полуфиналето (3 јули) ќе биде европскиот првак Холандија, која во другото четврт-финале ја победи Италија со 2:0.
Во второто полуфинале на Светскиот шампионат САД ќе игра против Англија (јули 2). Во петокот Американките славеа против Франција со 2:1, а Англија со 3:0 беше подобра од Норвешка.