ВМРО-ДПМНЕ: Целата влада на Заев е криминална, време е СДСМ да си замине

Единствен кој е симбол за криминал и корупција е Зоран Заев и СДСМ. Зоран Заев е единствен премиер во Европа кој неколкукратно е аболициран за криминал, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на интервјуто на Христијан Мицкоски на Канал 5.

Семејните фирми на Заеви во време кога Зоран Заев е премиер забрзано го заземаат пазарот, а пред неколку месеци влегоа и во бизисот со марихуана.

Кочо Анѓушев, вториот човек во владата е синоним за тендер политичар.

Драги Рашковски станува синоним за коруптивност. Информациите кои излегоа во јавноста говорат дека тој мести тендери за награди.

Целата влада на Заев е криминална. Граѓаните не видоа ништо добро од СДСМ. Земјоделското производство е на колена. Земјоделците немаат ни за леб. Производите наместо за продажба завршуваат на буниште, затоа што нема откуп.

Зоран Заев и СДСМ не ја уживаат поддршката кај граѓаните, тоа го покажуваат анкетите, а го знае и самиот Заев. Време е СДСМ да си замине.

 

 

Треба да знаете
Последни објави