Во последните седум дена во Требиње се забележани три случаи на каснување од змии отровници, а покрај во руралните места, змии се појавиле и на излетничките локации во близина на градот.
Во селото Граб, момче било каснато за прст од шарка, а иста таква змија каснала средовечна жена која на пат до комбето за брза помош за малку ќе згазнела на поскок, пренесуваат локалните медиуми.
Според локалните жители, отровници може да се очекуваат насекаде, и доколку се случи каснување, додека не пристигне брзата помош, лекарите советуваат местото над каснувањето да се заврзе и пациентот да не оди со цел да се забави ширењето на отровот.
„Во итната помош има доволно серум, кој се дава во здравствена установа и во присуство на лекар“, изјавиле здравствените работници.