Љуљзим Баша кој е претседател на најголемата опозициска партија во Албанија – Демократската партија, што ги бојкотираше денешните локални избори во земјата, оцени дека состојбата во Албанија е опасна и може да води кон граѓански немири.
Тој коментирајќи ги денешните избори во земјата рече дека албанските граѓани се шокирани од незаинтересираноста на меѓународната заедница за случаите во кои премиерот, Еди Рама, е поврзан со организиран криминал.
Обединетата албанска опозиција на чело со Демократската партија на Баша ги бојкотираше изборите бидејќи не биле исполнети условите кои тие ги поставиле, меѓу кои оставка од Еди Рама, формирање на преодна влада и распишување на предвремени избори во земјата.