(Видео) Авион наиде на јато птици и предизвика голема експлозија на пистата

Авионот „јагуар“ на индиското воздухопловство успеа да избегне уривање, кога наиде на јато птици. За среќа, пилотот во моментот изреагирал, успевајќи да го исфрли сиот товар за леталото да може да се искачи на поголема висина и да ги избегне птиците, а потоа да објави итно слетување.

Како што може да се види и на видеото, до незгодата доаѓа веднаш по полетувањето, а еден од моторите откажува кога пилотот наидува на јатото. Тој веднаш ги исфрла резервите со гориво и мунициција кои предизвикуваат голема експлозија на пистата.

„Пилотот го откачи сиот товар за да добие на висина, а потоа и безбедно да слета“, наведоа од индиското воздухопловство.

Треба да знаете
Последни објави