Денеска 30.06.2019 година, на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, жртви на Граѓанската војна во Грција од 1946-1949 година, партиска делегација предводена од членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и Иванка Василевска положија свежо цвеќе.
Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци.
Со полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 70 години од крајот на Граѓанската војна во Грција.