До 11 часот излезеноста на изборите во Албанија 12 отсто

Портпаролката на Централната изборна комисија Дрилона Хоџај на првата прес конфренција соопшти дека до 11:00 часот одѕивот на гласачите е 12 отсто.

Таа ги повика граѓаните да го остварат нивното граѓанско право, зашто, како што рече изборите во демократија може и треба да прозлезат единствено од дадениот глас и додаде дека процентот на излезност на гласањето е бројка која се очекува да се менува од момент на момент.

Централната изборна комисија ја информира јавноста дека сите избирачки места се отворени низ целата земја, со исклучок на 7 во Пострибе, регионот на Скадар, додека во 53 гласачки места во Вау те Дејес, гласањето започнало со доцнење и истото сега се одвива нормално.

Во еднствениот избрачки список запишани се 3.464.328 лица со право на глас,но поради масовната миграција реалната бројка е многу помала.

Инаку, изборниот процес го набљудуваат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, 20 набљудувачи од амерканската амбасада и по четворца од италијанската и британската амбасада.

На гласачко место во Тирана беше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Луиџи Сореца.

– Тука сум за да го набљудувам процесот на гласање и тоа е мојата улога. Утре ќе ги чекаме извештаите, рече Сореца.

На новинарско прашање дали во вакви околности би гласал во неговата земја, Италија, тој одби да одговори.

Треба да знаете
Последни објави