Израелската компанија „Аеронаутикс“ соопшти денеска дека потпишала договор вреден осум милиони американски долари за продажба на својот напреден дрон „Орбитер 3“ на една неименувана земја.
Во рамки на договорот, како што наведе компанијата, е и специјално летало за тренспорт на дронот како и техничка поддршка за негово одржување.
Тактичкиот дрон „Орбитер 3 УАВ“ е компактен лесен систем, со домет од околу 150 километри, јави „Jерусалем пост“.
Дронот може да лета во воздухот до седум часа, а главната намена му се собирање на разузнавачки податоци и надзор, се наведува во соопштението на „Аеронаутикс“.
Дронот претставува целосно автономен систем кој може да се склопи за неколку минути и се лансира со помош на катапулт, додека за слетувањето користи падобран и воздушни перничиња, прецизира компанијата во соопштението.