Министeрот Хусни Исмаили се обрати  пред учесниците на Балканската младинска школа

Во организација  на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), вчера во Скопје се одржа  Евалуација на Балканската младинска школа и програма на затворање,  на која присуствуваше и се обрати министерот за култура Хусни Исмаили.

Министерот Исмаили пред учесниците на младинската школа истакна дека реализацијата на еден ваков настан во Република Северна Македонија,   е од особено значење за развојот на односите меѓу Република Турција и нашата земја но, и со останатите земји од Балканот. Тој додаде дека спроведувањето на проектот ќе овозможи различните нации кои живеат на балканските простори,  подобро да се разберат и  да се запознаат.

„Верувам дека проектот Балканска младинска школа ќе ја зајакне културата на соживот на различните нации во овој регион и ќе ги одржи мирот и стабилноста“, рече Исмаили.

На настанот кој со поддршка на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB ) се спроведе во осум земји на Балканот, присуствуваа  и претседателот на Големото народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, претседателот на Турците во странство и сродните заедници, Абдула Ерен, вишиот соработник во Големото народно собрание на Турција, д-р Неџип Фазил Курт, пратеници од турскиот Парламент, амбасадорката на Република Турција во нашата земја, Тулин Еркал Кара, како и претставници на повеќе турски институции,  организации и голем број гости.

Треба да знаете
Последни објави