Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина денеска на 63 години, објави весникот „Вјести”.
Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година.
Тој во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори.
По осум години, тој изгуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.