Со исклучок на неколку се уште неотворени избрачки места и мирен протестен марш на приврзаниците на опозицијата во Тирана, почетокот на изборниот ден во Албанија минува мирно, со ниска излезност.
Прв од државниот врв граѓанското право го оствари спикерот на албанскот парламент Грамоз Ручи.
-Како што видовте, гласав и избрав. Во трката има 30 политички субјекти, а за градоначалик на Тирана двајца кандидати.. Би било подобро да има повеќе политички субјекти и кандидати. Денеска не е денот да се анализира ова прашање, туку да апелираме за смиреност, одмереност и одлучност, рече Ручи.
Од понеделникот, тој повика на рефлектирање и анализа, како за опозицијата која избра да ги бојкотира изборите, така и за мнозинството.
-Утре ќе биде нормален ден. Но, не завршува со тоа. Ќе продолжиме со напорите на албанската политика од понеделник, двете страни и опозицијата и владејачкото мнозинство да направат анализа, додаде тој.
Запрашан дали постои ризик да се етикетираат како монистички избори, Ручи рече: Нема маж роден од мајка кој може да воспостави диктатура во Албанија.