Сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри, истакна дека освојувањето на титулата во Премиер лигата следната сезона е приоритетна цел за тимот од „Мерсејсајд”.
Во минатата, Ливерпул по шести пат го освои трофејот во Лигата на Шампионите и остана на второто место по Манчестер Сити во домашниот шампионат.
– За мене титулата во Европа е повеќе од победа во Премиер лигата, но навивачите имаат право да сакаат да го освоиме домашниот шампионат. Тоа е причината зошто ние ќе се фокусираме на Премиер лигата во новата сезона. Не е моја работа, но мислам дека следната сезона ќе го гледаме Дивок Ориги повеќе на теренот. Тој дава нешто различно од тимот – сила, брзина, голови. Генерално, имам многу позитивни очекувања, рече Хенри.