Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен останува победник на Големата награда на Австрија откако стјуардите одлучија да не наметнуваат казна за инцидентот со Шарл Леклер на три круга пред завршницата на трката.
Холандскиот пилот го нападна Леклер и го истурка од патеката, но стјуардите одлучија дека сè е во рамките на правилата.
Така победата остана за пилот на Ред Бул, а Леклер и Ферари останаа на втората позиција.