Албанскиот премиер Еди Рама откако заедно со сопругата Линда го остварија гласачкото право рече дека „овие избори се за Албанија што ја сакаме” и оти е многу битно да се почитува правото на секој граѓанин без оглед дали одлучил да гласа или не.
-Денеска е многу важен ден за Албанија. Верувам дека овој ден еднаш засекогаш ќе потврди дека со народот никој не може да се поигрува. Суверенитетот на народот не е празен збор, и кој се обидува да му ја одземе сувереноста на народот, нема друг крај освен крај со неуспех и срам. Важно е да се почитува правото на секој граѓанин да гласа или да не гласа. Историјата ни кажува дека овие избори се избори за Албанија што ја сакаме за сите наши деца,изјави Рама.
https://www.facebook.com/edirama.al/videos/485770642229913/?t=0
Искажа убеденост дека во Албанија се случува нешто историско и оти никогаш интересите на една политичка партија или политички сметки не можат да бидат во судир со националниот интерес.
-Ове се избори кои ќе и одржат лекција на политиката дека националниот е над секој личен интерес, посочи Рама,кој „бомбардиран” од прашања ги замоли новинарите да му го ослободат патот и замина.
Рама и денеска изненади со својата облека. Носеше сако, панталони до колена и високи чорапи. И неговата сопруга изненади со својата облека, која ни најмалку не е официјална.