ВМРО-ДПМНЕ: Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Заев и бандата околу него

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста реагира на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на изнесените ставови на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија.

„Хохштаплер е германизам, кој се употребува како синоним за измамник, лажго или некој што се обидува на нечесен и криминален начин да се стекне со финансиска корист.

Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него овие три години.

Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт со тоа што неговото семејство го презема струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев, влезе во бизнисот со марихуана, а нивни камиони возат и за потребите на РЕК Битола.

Хохштаплер е Анѓушев кој зема државни тендери во време кога е вицепремиер за економски прашања.

Хохштаплеер е Рашковски, кој го слушаме како мести тендер од 7 милиони евра.

И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат.

Бројот на работници во индустријата е намален за 0.6% во период јануари-мај 2019 во однос на истиот период лани. Додека само за месец мај оваа година, во однос на мај минатата година бројот е паднат за 2.5%.

Реализацијата на капиталните инвестиции е најниска до сега, за 5 месеци реализирани се само 13.7% од годишно предвидените. Заев и СДСМ неможат да го направат ни она што се обврзале дека ќе го направт со гласањето на Буџетот во Собранието.

Откако СДСМ е на власт долгот константно се зголемува. Јавниот долг за првпат надмина 5 милијарди евра со СДСМ на власт, а тенденција е дека тој ќе се зголемува од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП, не за инвестиции или развој, туку за сервисирање на редовните потреби на државата и нејзино преживување.

СДСМ и ја одзема надежта на Македонија. Со СДСМ Македонија само тоне. Потребно е оваа власт да си замине што побргу“.

Треба да знаете
Последни објави