Кемба Вокер го известил раководствотот на Шарлот Хорнетс дека ќе игра во Бостон Селтикс следната сезона, објавија американските медиуми.
Вокер планира да се состане со Селтикс и да ги заврши преговорите по договорот, кој ќе биде за четири години и во вредност од 141 милион долари.
„Шарлот обсервер” први објавија дека Вокер го информирал раководството на тимот за неговата желба да игра на друго место. Сепак ниту кошаркарот, ниту Хорнетс засега не објавиле за разделбата.