СДСМ: Со враќањето на евтината струја околу 11 милиони евра одат назад кај граѓанитe

Се потврдија најавите на надлежните институции и Владата дека со либерализацијата цената на струјата нема да поскапи како што лажно обивнуваше ВМРО-ДПМНЕ, велат во соопштение од СДСМ.

Од таму додаваат дека цената на струјата останува иста, а домаќинствата и компаниите имаат можности да заштедат.

„Со враќањето на евтината тарифа на струја околу 11 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните, со тоа што плаќаат помали сметки само со оваа мерка. Со либерализацијата на струјата, бенефит ќе имаат 20-30% од компаниите, кои досега мораа да купуваат струја од околу 140 евра, а сега по околу 80 евра за мегават час“, образложуваат од владејачката партија.

Од СДСМ сметаат дека граѓаните многу добро можат да направат разлика меѓу, како што велат, расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога струјата поскапела за 100 отсто и домаќинските и одговорни мерки на оваа влада со кои парите се враќаат назад кај граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави