Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ч.Ј.У.(29) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На 29.06.2019 година во 00.30 часот на граничен премин „Богородица“ допатувал со патничко возило „Фолксваген Туран“ со грчки регистарски ознаки и на увид дал бугарска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.
Пријавениот бил лишен од слобода за понатамошна постапка.