Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп денеска од Битола најави дека најдоцна за еден месец Турција ќе го ратификува Протоколот за членство на нашата земја во НАТО.
– Како претседател на Големото народно собрание на Турција го предадов до Комисијата за надворешни прашања и во моментов се расправа за него во Комисијата за надворешни работи. Агендата на Комисијата е набиена, но јас разговарав со претседателот на Комисијата и го замолив да го забрза тој процес така што се надевам дека во текот на наредната недела ќе заврши комисиската расправа. Потоа ќе биде на дневен ред во Собранието и се надевам дека најдоцна за еден месец Протоколот ќе биде ратификуван, изјави Шентоп пред медиумите во Битола.
Тој денеска го посети Музејот во Битола каде се наоѓа спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и познатата Исак Џамија која неодамна беше целосно реновирана.