Загина моторџија, се забил во камион

Моторџија загина вчера кај Стојаково, откако се забил во камион, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 23 часот на раскрсницата од локалниот пат Богданци-с.Стојаково. Тогаш се судриле моторцикл „Баотиан 125″ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од Стојаково и камион”„Мерцедес Актрос” што го управувал С.Б.(42) од Валандово.

На самото место починал Ѓ.В.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави