Со грант од Министерството за труд и социјална политика во Струмица ќе се гради нова детска градинка во поранешната касарна, информираат од Општината.
-Со тоа ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во групите во клоновите на градинката „Детска радост” и ќе се подобрат условите за престој, но и ќе се обезбеди правилен раст и развој на дечињата, додаваат во информацијaта од Општина Струмица.
Градинката ќе биде изградена по најсовремени стандарди за престој, а ќе може да прифати 250 деца.