Пo 18 часа заседавање лидерите на Европската Унија го прекинаа состанокот без резултати, ќе продолжат во вторник

Денес околу пладне, лидерите на Европската Унија го прекинаа состанокот во Брисел без резултати околу изборот на водачите на ЕУ.

Тие планираат да се сретнат повторно во вторник изутрина за да најдат излез за застојот во кадровките решенија.

Претставникот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска објави дека Туск „гопрекинал состанокот и го закажал продолжувањето за утре во 11 часот”.

Лидерите заседаваа повеќе од 18 часа обидувајќи се да номинираат пет кандидати кои ќе ги предводат највисоките институции на ЕУ во следните пет години.

Треба да знаете
Последни објави