Јаневски ја потврди оваа информација на Фејсбук и кажа дека ја наупушта функцијата од лични причини.
– Донесувањето на одлуката е исклучиво лична, поради приватни причини, а со менаџментот на телевизијата имавме неколкучасовен разговор во кој разговаравме за иднината на телевизијата, при што ја испочитуваа мојата одлука да се повлечам од функцијата. – напиша Јаневски.
Тој напиша на фејсбук дека дава оставка од функцијата но останува во медиумот на старата позиција која ја имаше пред да стане главен уредник.
Неофицијално оставката доаѓа по неодамнешната кавга на Јанески со раководството од Штип кои не биле задоволни од неговата работа и тоа што повеќе бил надворешно ангажиран на проекти, одошто што бил посветен на телевизијата и обврските што ги имал како главен и одговорен на медиумот.
Јаневски беше учесник и на геј парадата.