Ако имате ајфон нема поврат на ДДВ

Ситекорисници на ајфон нема да може да ја симнат апликацијата„Мој ДДВ„ со која ќе може да се скенираат фискалните сметки. Истата апликација засега е достапна само за ансроид телефоните.  Имено иако од денес стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ кое го платиле преку целата година, таа ја нема на ИОС верзијата. Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ апликацијата воопшто не постои. Граѓаните од утринава велат дека и покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store и Apple store засега ја нема.

Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.

 

Треба да знаете
Последни објави