Василевска во приемно време за студенти држи партиски прес конференции на кои шири лажни вести

Наместо да биде со студентите, вонредната професорка на Правниот факултет, Иванка Василевска, во приемно време за студенти, се појавува на партиски прес конференции.

Како што е јавно објавено на влезот на нејзиниот кабинет, приемните термини за студентите се во понеделник и среда од 11 до 14 часот. Токму во овој термин денеска, Василевска одржа прес конференција како член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека студентите ја чекаат за консултации, таа одржува партиски прес конференции на кои шири лажни вести и невистини во дневнополитички цели.

Треба да знаете
Последни објави