Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека нема да оди на прес-конференцијата на генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, кој ја повика и неа да присуствува откако го обвини за кримина со тендер за МНАВ.
-Дали господинот Драги Рашковски е над законодавната, извршната и судската власт? Драги Рашковски не може од позиција на генерален секретар на владата да повикува никого. Тој треба да биде повикан и овие сомнежи кои ние ги објавивме сакаме да бидат процесуирани институционално затоа што тој треба да биде повикан во Јавното Обвинителство и тука да ги даде своите одговори. Ќе ви кажам уште нешто. Република Македонија е сериозна држава, ова не е банкет држава ниту гранап држава ние да си се повикуваме едни со други, ова не е лична пресметка. Станува збор за криминал кој што треба да оди на штета на даночните обврзници, т.е. на граѓаните на Република Македонија, така што мислам дека колегата Рашковски има каде соодветно да си ги брани своите позиции и да ја докажува својата невиност, рече Василевска.