Веб-страницата на Г20 објави видео на кое руските Курилски Острови се прикажани како дел од Јапонија

Официјалната веб-страница на самитот на Г20 содржи контроверзно видео кое ги прикажува руските Курилски Острови како дел од Јапонија, пренесува „Спутник“.

Видеото насловено „Г20: Инспиративни градови во Јапонија – Осака”, првично беше објавено на профилот на „Јутјуб“ на кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе во февруари, но се најде во центарот на вниманието откако беше објавено на веб-страницата на самитот.

Почетокот на видеото прикажува мапа на Јапонија која ја вклучува спорната група Курилски Острови: Итуруп, Кунашир, Шикотан и Хабомај, прикажани како дел од азиската држава.

Руските официјални лица сé уште не го коментирале контроверзното видео.

Во јуни рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Москва не планира да го спушти руското знаме над Курилските Острови и покрај територијалните претензии на Јапонија, истакнувајќи дека островите остануваат дел од Русија.

Односот меѓу Москва и Токио одамна е затегнат, а мировниот договор на крајот од Втората светска војна никогаш не беше потпишан поради јапонските претензии кон Курилските Острови.

Треба да знаете
Последни објави