Со СДСМ и Зоран Заев на власт македонската економијата го допре дното.
Мерката Мој ДДВ е само обична популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите.
Со оваа мерка сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.
Доколку СДСМ и Заев навистина се грижат за граѓаните тогаш најмалку што можат да направат за нив е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и конечно да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции кои имаат најниско ниво на реализација во историјата на независна Македонија.
Наместо Заев да носи популистички мерки, време е да започне да работи за решавање на проблемите на граѓаните.
Со Зоран Заев и СДСМ, граѓаните и државата само уназадува и осиромашува, а граѓаните го гледаат и чувствуваат тоа.
Затоа на Македонија и на граѓаните им се потребни промени.