Во Кембриџ потрага по избегана змија која може да проголта човек

Мрежест питон, долг околу 2,7 метри, кој може да ја проголта човек, избега од својот сопственик во Кембриџ и сега слободно талка во  универзитетскиот град, известува „Скај њуз“.

Полицијата доби предупредување дека змијата неодамна била забележана во близина на улицата Ловел и започнала претрес.

Иако мрежестиот питон не е отровен и ретко ги напаѓа луѓето, возрасна единка може да ја отвори својата вилица доволно широко за да проголта човек. Овој тип на питон може да порасне до 9,6 метри во должина и се смета за најдолга змија во светот. Потекнува од Југоисточна Азија.

„По објавувањето дека змијата долга три метри беше забележана на улицата Ловел во Кембриџ, полицијата ја пребара областа во раните утрински часови. Полицијата го нашла сопственикот, но не и змијата, за која се потврди дека е навистина долга 2,7 метри“, бнапиша локалната полиција на „Твитер“ во неделата.

Треба да знаете
Последни објави