Доволно беше Ердоган да проговори и лирата драстично скокна

Турската лира се зголеми за речиси 1 отсто во однос на доларот по изјавите на премиерот Реџеп Таип Ердоган дека од претседателот на САД, Доналд Трамп слушнал дека нема да има санкции против Анкара поради купување на рускиот одбранбен систем С-400.

Лирата утрово се тргуваше по курс од 5,7380 за долар, зајакнувајќи од нивото на 5,7875 кое е забележано во петокот пред состанокот на Ердоган и Трамп на самитот на Г20 во Јапонија минатиот викенд, објави „Ројтерс“.

НАТО-сојузниците, Турција и САД ги заострија односите поради турското купување на руски С-400, при што Вашингтон се закани со санкции ако дојде до испорака. Спорот предизвика загриженост кај инвеститорите, кои вршеа притисок врз лирата.

Сепак, Ердоган изјави дека Трамп му рекол дека нема да има санкции поради договорот со Русија, а НТВ телевизијата во неделата објави дека Ердоган најавил дека првата испорака на системот С-400 ќе следува во период од 10 дена.

Треба да знаете
Последни објави