Дурент, Ирвинг и Џордан во Бруклин

Тимот на „Бруклин Нетс“ почна да создава суперфраншиза откако успеа да го доведе Кевин Дурент, а по него треба да стигнат Кајри Ирвинг и ДеАндре Џордан, пишува ЕСПН. Дурент, кој ја одби понудата на својот довчерашен клуб, „Голден Стејт“, како и Ирвинг се одрекоа од дел од максималните 164, односно ќе земат по 141милиони долари за четири години за да може „Нетси“ да го доведат и Џордан.

Од друга страна, „Вориорски“ може да бидат задоволни бидејќи го добија Дианџело Расел, „ол стар“ играчот на „Бруклин“, кој доби 117 милиони долари за четири години. Но поранешните шампиони мораа да се откажат од ветеранот Андре Игудала, кој замина во „Мемфис“. „Вориорси“ претходно потпишаа нов договор со Клеј Томпсон вреден 190 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави