Економскиот советник на Белата куќа: Договор со Кина засега нема изгледи

Економскиот советник на Белата куќа Лери Кадлоу изјави дека повторното отворање на трговските преговори на САД и Кина е голема работа, но дека засега нема изгледи за договор на двете најголеми економии во светот.

– Разговорите ќе се одвиваат подолго време, изјави Кадлоу за Фокс њуз.

Тој појасни дека САД и Кина во мај се договориле за 90 отсто спорни прашања, но разговорите потоа биле запрени.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг имаа состанок на самитот Г-20 во Јапонија и договорија преговорите да продолжат. Кадлоу изјави дека останатите 10 отсто спорни прашања најтешко се надминуваат во преговорите.

Треба да знаете
Последни објави