Канаѓанец доби отказ поради карикатурата на Доналд Трамп и удавените мигранти татко и ќерка

Два дена откако карикатурата на претседателот на САД, Доналд Трамп, на која тој игра голф преку телата на двајцата имигранти што се удавија стана вирална, карикатурист Мајкл де Адер ја изгуби својата работа, пренесува „Си-ен-ен“.

Мајкл де Адер напиша на „Твитер“ дека поради споменатата карикатура, издавачката куќа во канадската провинција Њу Бранзвик ја прекинала соработката со него.

На илустрацијата на Де Адер е прикажан Трамп кој ги прашува двајцата мртви мигранти (татко и дете): „Можам ли да одам и да продолжам да играм?” Карикатурата всушност се однесува на неодамнешната трагична смрт на Оскар Алберто Мартинез и неговата 23-месечна ќерка Валерија, кои во потрага по подобар живот сакаа да влезат во САД, но се удавија во обид да ја преминат реката Рио Гранде.

Компанијата Брунсвик нуз АД објави во неделата дека е „целосно погрешно да се сугерира“ дека соработката со Де Адер била прекината поради карикатурата со Трамп и дека тие веќе преговарале на негово место да ангажираат друг карикатурист кој бил популарен меѓу читателите.

Треба да знаете
Последни објави