Лончар: Не сум надлежен да говорам за обвиненијата за поврзаноста со „Земунскиот клан”

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека не е „надлежен” да зборува за обвиненијата поднесени на неговата сметка од страна на пензионираниот началник на Управата за криминалистичка полиција, Родољуб Миловиќ и дека надлежните органи треба за ова да се изјаснат.

Лончар, одговарајќи на прашањето на новинарот на КРИК (новинарска мрежа за истражување на криминалот и корупцијата), коментирајќи ги изјавите на Миловиќ дека неговото име се споменува во предметот на „земунците” и во случајот на “Шариќ”, рече дека “вистината не може да бидат две” и да инсистира на тоа властите да ги проверат овие наводи.

– Зборувате за 2010 година и треба да знаете само една работа. Во 2010 година јас сум лекар во Ургентниот Центар кој се преслекува во ходник. Од вашата приказна следува дека во тоа време јас им наредував на (тогашниот директор на разузнавачката БИА) Саша Вукадиновиќ, а потоа и на (тогашниот шеф на Бирото за координација на службите за безбедност) Мики Ракиќ, а потоа и на (тогашниот обвинител за организиран криминал) Миљко Радосављевиќ и на (тогашниот претседател на Републиката) Борис Тадиќ каде ќе одат, што ќе прават, рече Лончар на прес-конференцијата по повод двете години работа на српската Влада.

Министерот за здравство погрдно се изрази за Миловиќ, нарекувајќи го “мафијаш во обид- на алкохолен погон”.

Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, на истата прес конференција во врска со овој случај запраша -зошто Миловиќ од 2004 до 2014 година не напишал ниедна кривична пријава против Лончар, потсетувајќи дека прикривањето на кривичното дело е исто така кривично дело.

– Единственото прашање е дали овие докази се рекла-кажала или доказите се цврсти. Ако се цврсти, немам ништо против … (…) Обвинителството има право самостојно да спроведе истрага, рече министерот за внатрешни работи.

По оваа прес конференција реагираше и самиот Миловиќ, кој за Крик изјави дека „до обвинителството е да наложи нова истрага”, како и дека „за сите сознанија била информирана полициската работната група на министерот Стефановиќ”.

Пензионираниот началник на Управата за криминалистичка полиција, Родољуб Миловиќ, во интервјуто за последниот број на неделникот НИН, рече дека политизација на полицијата отсекогаш имало, но „дури и во деведесеттите години таа била помалку отколку денес”.

Тој рече дека сегашниот министер за здравство Златибор Лончар „се појавува во предметот на ‘земунците’ и во случајот на Шариќ”.

Според Миловиќ, во изјавите на сведокот-соработник, на судењето за атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ се споменува „познатиот доктор Лончар”.

– Купил стан и има купопродажен договор од сопругата на Сретко Калиниќ (исклучително влијателен во редовите на Земунскиот клан), а Миладин Сувајџиќ-Ѓура Мутави (член на „земунците” и сведок соработник) по наредба на Душан Спасојевиќ ми има обезбедено намештај за тој стан, кажа за НИН Миловиќ.

Тој исто така изјави дека „сопругата на Лончар, Весна Лончар и нивниот кум Миодраг Стојановиќ, инаку припадник на БИА, се поврзани со случајот на Шариќ”.

Треба да знаете
Последни објави