На 30.06.2019 година во 14,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани-Пониква, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф” управуван од С.М. (42) од Штип и моторцикл „Зонгшен” без регистарски ознаки управуван од 17 годишно лице од село Бели.
Во несреќата тешко бил повреден малолетникот како и совозачот, Ј.К.(69) исто така од Бели. Двајцата биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.