МВР со закон ќе ги проветрува сопствените редови

Образование и човечност. Само толку треба за да се биде достоен припадник на полицијата, изјави универзитетскиот професор во пензија, Љупчо Арнаудовски пред почетокот на денешната трибина на тема „ветинг“, по промоцијата на списанието „Безбедност“ во Домот на АРМ во Скопје пишува 1ТВ.

Според него, полицаецот треба да е човек на кого народот ќе му верува и покрај кого ќе се чуствува безбедно.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека ветингот или таканареченото проветрување веќе почнало од Управата за безбедност и контраразузнавање а со него ќе бидат опфатени сите вработени во МВР. Ќе се проверуваaт нивнoтo стручно образование, интегритет, имотната состојба и евентуални криминални активности на, како што рече тој, одредени структури.

На новинарско прашање што се презема во однос на полициските службеници за кои се покажало дека се побогати и од бизнисмените, Спасовски рече дека токму заради тоа проветрувањето ќе ги утврди сите факти.

Припадниците на МВР треба да се одликуваат пред се’ со професионален пристап кон работата а тоа подразбира постоење на бескрајно чист процес на селекција на кадрите, вели деканот на факултетот за безбедност на УКИМ, Никола Дујовски.

Денешната јавна дебата е прва од серијата дебати која ќе се реализира пред Владата да го достави предлог-законот за ветинг во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави