Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека вреди да се потроши малку повеќе време за да се постигне широк консензус околу именувањето на кандидатите за водечките позиции на институциите на Европската Унија.
Откако самитот на лидерите на 28-те земји членки на ЕУ беше прекинат, а продолжението на состанокот закажано за утре, Меркел изјави дека големите земји членки не можеле да ги прифатат денешните предлози.
Германската кацеларка, меѓутоа, не прецизираше за кои членки станува збор, ниту, пак, кои предлози се во прашање.
Таа навести дека иако технички било можно да се надгласаат големите земји, тоа не било мудро.
„Политиката подразбира обиди да се исполни она што е можно, а за тоа понекогаш е потребно време“, изјави Меркел.
Лидерите на земјите членки на ЕУ, ни по 18 часа разговори, денеска не успеаја да се договорат околу именувањето на кандидатите за водечките позиции на институциите на ЕУ.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го прекина Европскиот совет и закажа продолжување на разговорите за утре во 11 часот.
Повикувајќи се на неименувани дипломатски избори, „Ројтерс“ пренесе дека главна пречка бил целиот пакет.