Навредите кон жените пратеници во Гана би можеле да се криминализираат

Некои пратеници во Гана се залагаат за криминализација на навредите кон жените вклучени во политиката, како дел од напорите за зголемување на бројот на избрани жени функционери.

Мерката доаѓа како дел од предлог-законот за афирмативна акција, кој парламентот го разгледува.

Претседателката на парламентарната комисија за жени, Сара Адваа Сафо, откри дека клаузулата 38 од нацрт-законот вели: “Лицето кое ја виктимизира, опструира или врши непотребно влијание и изложува жена политичар на вербален напад меѓу другото, врши кривично дело”.

На самитот во Јапонија таа им порача на учесниците дека владата е “посветена на усвојувањето на законот за да се постигне родова еднаквост во земјата”.

Некои критичари, сепак, ја доведуваа во прашање уставноста на клаузулата ако законот биде усвоен, додека други велат дека клаузулата, ќе создаде пристрасност и создавање закони засновани на род што е нефер.

Претседателот Нана Акуфо-Аддо минатиот месец беше остро напаѓан поради неговото тврдење дека нема доволно динамизам и активизам од страна на жените кои сакаат да бидат избрани.

Треба да знаете
Последни објави