Најмалку 35 загинати во несреќата на преполн мини-автобус во Индија

Најмалку 35 лица загинаа, а 17 беа повредени кога преполн мини-автобус се урна во клисурата во дел од Кашмир контролиран од Индија, изјавија официјални лица.

Спасувачките екипи ги префрлија повредените во критична состојба во болница.

Автобусот слетал од патот кон Хималаите додека вртел во кривина и се стркалал во клисура длабока 150 метри, изјави цивилниот администратор на регионот Киштвар, Ангрез Синг Рана.

Во тек е истрага за тоа дали станува збор за механички дефект или за грешка на возачот.

Полицијата вели дека автобусот со 27 места за седење бил преполн

Треба да знаете
Последни објави