Рашковски и официјално ја најави утрешната прес конференција за „бомбата“ за МНАВ

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски преку Фејсбук и официјално ја најави прес конференцијата во врска со објавената „бомба“ за тендерот во МНАВ.

„Почитувани,
утре, 2.7.2019 година со почеток во 12 часот ќе се одржи прес конференција околу снимениот разговор од состанокот со претставници на МНАВ, италијанската компанија Леонардо и претставник од Министерството за транспорт и врски.
Со оглед на обвинувањата и други видови на напади, корекно е на прес конференцијата да присуствуваат и:

Иванка Ина Василевска Македонска – член на ВМРО-ДПМНЕ
Климент Чепуњовски
Горан Момировски

Бројот на прашањата кои сакаат да го постават е неограничен, напиша Рашковски.

https://www.facebook.com/dragi.raskovski/posts/10156734772129633

Треба да знаете
Последни објави