Скопјанец шверцувал оптички нишан за пушка

Скопјанец бил фатен во обид да прошверцува оптички нишан за пука, инфомрираше Царинската управа.

– Оптички нишан за пушка марка SWAROVSKI OPTIK, откриен на Интернационалниот Аеродром Скопје, при детална контрола со користење статичен скенер на багажот на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавениот оптички нишан, пронајден во куфер со црна боја, е привремено задржан, а против патникот е поведена прекршочна постапка, велат од Царината.

Според Управата, минатиот месец Царината запленила 52 литри алкохолни пијалоци (Uzo Tsantali, Rubinov Vinjak и ликер Gorki list), откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. На прашање на царинските службеници, возачот изјавил дека носи мала количина пиво и сокови, но при извршениот детален преглед, под предните седишта, под задното седиште и во фабричка преграда над предните седишта, биле пронајдени 24 литри узо, 22 литри вињак и 6 литри ликер. Непријавените алкохолни пијалоци се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Во друг случај на истиот премин биле откриени  2.340 пакувања со по 10 гуми за џвакање во македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените гуми за џвакање, пронајдени во делот наменет за резервна гума во багажниот простор на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Треба да знаете
Последни објави