врз пазарите во Европа и Азија, јави Гласот на Америка.
Според аналитичари, состанокот меѓу двете најголеми светски економии помогнал да се олеснат тензиите и да се обноват трговските разговори иако, се уште е неизвесно постигнувањето договор меѓу двете држави.
Акциите во Токио, Кина и во Европа пораснаа на највисоко ниво во последните два месеца, откако државните медиуми во Кина ги поздравија резултатите од состанокот, и истакнаа дека фокусот ќе се врати на дијалогот, и ќе се престане со закани и контрамерки.
Трамп во саботата се согласи дека нема да инсистира на нови даноци за кинески производи вредни 300 милијарди долари, што предизвика реакции и кај домашните компании.
Тој, исто така, понуди да олесни некои ограничувања на продажбата на делови за кинеската компанија Хуавеј, кои се направени во САД.
Портпаролот на кинескиот министер за надворешни работи денеска не откри нови детали за тоа кога би се сретнале преговарачите следната недела.
На прашањето какви отстапки направила Кина за време на состанокот, тој одговори со прашање дали навистина некој верува оти Кина треба да направи отстапки.
Пред овој состанок, двете страни имаа сосема заладени односи, на што многумина гледаа како почеток на нова студена војна, потсетува Гласот на Америка.