Спасувачки брод на шпанска хуманитарна група спасил чамец со 40 дехидрирани бегалци од Либија, кои до малиот италијански остров Лампедуза ги испратила италијанската крајбрежна стража.
Меѓу лицата, кои од Либија тргнале пред три дена, имало и три трудници и четири деца, изјави за „АП“, портпаролката на шпанската организација „Проактива оупен армс“, Лаура Лануса.
Според нејзините зборови, чамецот бил воочен вчера во утринските часови, а на дехидрираните лица лекарите им дале вода.
Организацијата ја контактирала крајбрежната стража на Малта, но поблиску бил бродот на италијанската крајбрежна стража кој ги испратил.