Според „Фарс“, Иран го проби ограничувањето за складирање на ураниум

Резервите на збогатен ураним на Иран го пробија ограничувањето од 300 килограми, колку што е предвидено со нуклеарниот договор на Техеран со светските сили, објави иранската полуофицијална агенција „Фарс“.

Агенцијата Фарс се повикува на неименуван извор, за кој вели дека е запознаен со податоците, објави „Ројтерс“.

Со договорот кој во 2015 година со Иран го потпишаа шест големи сили, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, Техеран се обврза да ги ограничи активностите за збогатување ураниум, а за возврат му е ветено укинување на меѓународните санкции.

САД еднострано го напуштија договорот и воведоа дополнителни санкции за Иран.

Треба да знаете
Последни објави